Во организација на НУ-УБ ,,Гоце Делчев” Штип, од 2-3 април се реализираше дводневна стручна обука „Инклузија, предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“, проект поддржан од Министерство за култура и туризам на Р. Македонија, на која зедоа учество директорот на ЈОУБ ,,Искра”, Кристина Ѓорѓиевска Атанадова и виш библиотекар Румена Тодорова.
Со стручен осврт и излагање учество зедоа проф. д-р Ана Чучкова, при МСУ ,,Гаврило Романович Фержавин” – Свети Николе и со предавање и практични примери, проф. д-р Томислав Таневски, при Музичка академија УГД – Штип и Факултетот за образовни науки – Штип.

Како соработник во Проектот, чиј координатор е Ивана Стојанова – виш библиотекар, директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова даде осврт и презентација на темата ,,Градење достапна иднина за сите, Инклузивни библиотеки- отворени за сите”.
Како соработник на проектот, свое излагање и работилница, спроведе директорот на ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, Петар Гурев.

На обуката учествуваа директори и билиотекари од повеќе национални и локални библиотеки, како и наставен кадар, стручни лица, образовни асистенти кои директно работат со лицата со попреченост.
Темата на обуката ги опфати принципите на инклузијата во библиотечната практика и методите на работа со лицата со попреченост. Се дебатираше за предизвиците и можностите што произлегуваат од инклузијата во библиотечната дејност.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
