Под мотото „Читаме, истражуваме. Учиме“, денеска, во ЈОУБ „Искра“ – Кочани, се одржа средношколска дебата.

Заедно со професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“, Ана Витанова Рингачева, Јованка Денкова и Кирил Барбареев, средношколци од кочанските училишта „Љупчо Сантов“ и од „Гошо Викентиев“, под менторство на професорите Александар Димитров и Марија Соколова, дебатираа на интересни теми: љубовта, обичаите, традицијата во животот, низ научната мисла и во литературата.

Настанот е дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца. Библиотеката „Искра“ го слави 2 Април веќе 15 години, а 9 години со проектот Фестивал на децата, книгите и музиката, чиј координатор е Магдалена Кочовска Салтирова.
Општина Кочани во континуитет ја поддржува програмата за афирмација на читањето книги кај децата и младите.


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
