Во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани вечерва Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани го одржа своето Редовно годишно Собрание.
На Собранието од вкупно 27 делегати присуствуваа 23 што имаше кворум за несметано работење.

Најпрвин претставникот на ФФМ Коран Костовски ги поздрави присутните, а потоа од говорницата претседателот на ОФС Кочани Александар Андов го предложи дневниот ред за работа.
Истиот беше едногласно усвоен.

Деловникот за работа на Собранието, избор на работни тела на Собранието, усвојувањето на Записникот од Изборното Годишно Собрание на ОФС Кочани одржано на 26.01.2025 година и Годишната (завршна) сметка на ОФС Кочани беа усвоени.

На крајот Претседателот на ОФС – Кочани Александар Андов поднесе извештај за работата во изминатата година.

Собранието заврши со доделување на Благодарници за Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ и за Генералниот секретар на ФФМ Леонид Јандреоски кои на претставникот на ФФМ Горан Костовски му ги врачија Претседателот на ОФС – Кочани Александар Андов и Потпретседателот на ОФС – Кочани Владо Андов.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
