ОФС КОЧАНИ ЗАКАЖА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ

февруари 3, 2023
1 min read

ОФС Кочани за утре (Сабота) го закажа своетоРедовно Годишно Собрание.

По поздравниот говор и отворањето на Собранието присутните делегати ќе дебатираат по овие точки:

  1. Усвојување на Деловникот за работа на Собранието;
  2. Избор на работни тела на Собранието;

– избор на работно претседателство

– избор на записничар;

– избор на оверувачи на записникот;

– избор на Верификациона комисија;

  1. Усвојување на Записникот од Редовното Генерално изборно Собрание одржано на 15.12.2021 година на ОФС Кочани;
  2. Усвојување на Годишна сметка на ОФС Кочани;
  3. Извештај за работата на Претседателот на ОФС Кочани;
  4. Разно.

На Собранието освен делегати од клубовите кои гравитираат во источниот регион, ќе присуствуваат и претставници од ФФМ.

Редовното Годишно Собрание на ОФС Кочани ќе се одржи во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани со почеток во 12:00 часот.

С.  Ивановски