ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: АНТИДАТИРАЊЕ НЕ Е ДЕМАНТ ТУКУ КРИВИЧНО ДЕЛО

јули 7, 2025
1 минути

В.д. градоначалникот Венко Крстевски тврди дека „навремено аплицирал“ за мерката за вработување 400 пожарникари, но објавува само општински деловоден број, без доказ дека документот е примен и евидентиран кај надлежната институција.

Ако навистина аплицирал – нека објави деловоден број и датум од прием од Владата, а не Општински печат со деловоден број и датум која може да се впише на било кој датум!

И “денешно” пенкало може да запише вчерашен датум но станува збор за кривично дело!  Во спротивно, јавноста има право да основано се сомнева дека станува збор за антидатирање – кривично дело според член 361 од Кривичниот законик.

Кочани и понатаму е надвор од мерката за јакнење на противпожарната заштита. Вината е јасна – неспособност и политичка злоупотреба на функцијата!

ОК  ВМРО  ДПМНЕ  –  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ