ОКТОМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈАНА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

октомври 31, 2024
1 min read

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна октомвриска  крводарителска акција наменета за граѓанството.


На акцијата крв даруваа 41 крводарител од нив тројца првократни дарител и 15 лица до 30 годишна возраст.
„Акцијта е 15-та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст – Кочани и десета во просториите на општинскиот Црвен крст. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите крводарители кои денеска даруваа крв. Воедно, ги повикуваме да се приклучат кон акциите кои се спроведуваат секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Кочани“, истакнаа од Црвен крст Кочани, додадоа од Црвен крст Кочани.


Согласно годишниот план за крводарување, во 2024 година предвидени се 19 крводарителски акции. До крајот на календарската година ќе се спроведат уште две крводарителски акции во Црвен крст Кочани, и по една во Општина Зрновци и кочанската полиција.

Црвен Крси – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ