ОНОЈ ШТО ЌЕ ЈА ГРАДИ МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЈА УЗУРПИРА И РЕКАТА

јуни 18, 2023
0 min read

Дали некој од надлежните ќе ја сопре изградбата на мини хидроцентралата на Мала река или граѓаните ќе бидат тие што само ќе ги нотираат новостите притоа да нема фајда од сето тоа.

Денес некои наши сограѓани биле на местото на настанот и испратија две фотографии на кои се гледа како некој (нека проверат надлежните кој е ) со обична ограда го заградил преминот на стариот пат кој води кон Јастребник, поставил црвена лента на која пишува: „ВНИМАНИЕ енергетски кабел“. Со поставувањето на оградата на која не пишува која е фирмата е узурпирана и реката што се коси со законот за води.

Ако е некоја сериозна фирма што го заградила преминот се знае каква ограда се поставува а не дрвена со обични колци како за потпирање на домати.

Граѓаните веќе знаат кој сето ова го има „замесено“ но се немоќни пред „големите“.

Но се поставува и друго прашање, каде се борците за чиста животна средина кои кога беше обелоденето дека од Општина Кочани на 21.08.2017 година дала позитивно мислење на барањето за издавање Дозвола за користење на вода за производство електрична енергија од Мала Река, така жестоко протестираа а кога по се изгледа разбраа кој стои зад изградбата се повлекоа, се изгубија и до ден денес се немаат појавено.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ