По потпишувањето на договорот помеѓу Општина Кочани и Трговско друштво за промет и услуги ТРЕНД КОМ ДООЕЛ експорт-импорт Штип, советниците при Советот на Општина Кочани ќе се офајдат со нови преносни компјутери.
За порелаксирано следење на седниците и донесување заклучоци ќе бидат нарачани 20 преносни компјутери по единична цена од 47.500,00 денари (така стои во договорот) или со вкупна вредност од 950.000,00 денари без пресметан ДДВ
Инаку од истата компанија е договорена е испорака на 5 Персонални компјутери, NAS опрема – броја 3, WEB камера – број 1 и Слушалки – броја 2, со вкупна вредност од 428.290,00 денари без пресметан ДДВ.
Малку е чудно зошто сега во време на економска криза повторно се набавуваат преносни компјутери ако се знае дека на претходниот состав на Советот градоначалникот Николчо Илијев им подели нови преносни компјутери нарачани од неговиот претходник, градоначалникот Ратко Димитровски.
Кој знае, можеби со новите преносни компјутери што ќе им бидат поделени и опозицијата ќе ги омекне своите ставови за донесување на сите одлуки во иднина.
Ќе видиме, ќе почекаме.
С. Ивановски