Драги сограѓани,
СДСМ со инвестиции во инфраструктурата продолжува со грижата за безбедноста на вас, граѓаните, затоа што сите вие заслужувате модерна, современа и безбедна патна инфраструктура.
Инфраструктурните проекти се слика за подобрувањата што ги доби Кочани изминативе четири години, а класичен пример за тоа е улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“, каде ќе се гради нова коловозна лента и обезбеди булеварско сообраќајно решение.
По завршената експропријација од страна на Локалната самоуправа предводена од претходниот градоначалник и по напорната работа во изминатите четири години стигнавме до расчистување на овој дел од градот и создавање услови за изградба на втората лента од булеварот.
Ова е проект во кој сите се добитници: градот добива урбан лик; сопствениците на отстранетите објекти добија реална исплата за имотот; граѓаните добиваат функционални јавни површини.
Тоа ќе овозможи непречено движење на возилата и соодветен сообраќаен излез и влез од западната страна. Со ова ќе се придонесе решавање на дел од сообраќајниот хаос, ќе ја унапредиме безбедноста и на пешаците и на возилата, а ќе го подобриме и изгледот на оваа населба
СДСМ ги реализира приоритетите на граѓаните, а Владата продолжува со поддршка на инфраструктирните проекти,за разлика од времето кога ВМРО ДПМНЕ ја имаше централната власт и постојано ги саботираше општините предводени од градоначалниците кои не беа од нивните редови.
ПОРАЧУВАМЕ на градоначалникот да започне со проекти од неговата програма, а не само да се слика со туѓите проекти за кои немаат никакво учество.И да признае пред јавноста дека претходната локална власт предводена од СДСМ презеде редица чекори и проекти со кои реално се подобрија условите за живот на кочанчани.
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани