ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – ШТО СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО КУЧИЧИНОВО?

февруари 27, 2023
1 min read

Почитувани сограѓани ,

Веќе неколку денови се крие од јавноста случајот со пречистителнста станица  во с.Кучечиново. Како што информираат жителите од селото се случил пожар и направена е голема штета која го отвора прашањето дали пречистителната станица е во полн капацитет и во функција да ја извршува работата како претходно?

За овој случај како и за се друго во општината одговорните се кријат зад своите удобни фотељи и бегаат од било каков одговор. Јавно го прашуваме градоначалникот Ангелов и директорот на комуналното претпријатие дали се запознаени со овој случај и зошто до сега не се превземени никакви мерки? Дали градоначалникот и директорот го пријавиле случајот на надлежните институции?

Нивната работа, односно не работа, ги загржува граѓаните на Чешиново-Облешево. Освен изборните лаги, неколку вработувања врз база на непотизам од невидени размери и не достапноста за жителите  со друго и немаат со што да се пофалат господата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние од СДСМ ги замолуваме барем да не го уништуваат тоа што некој пред нив го има изградено и оддржувано во функција!

Се надеваме на одговор на градоначалникот и директорот затоа што за овој проблем не смее да се молчи!

Со почит

ОО СДСМ Чешиново-Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ