Соопштение
Во пресрет на претстојните земјоделски активности, како и подготовките за пролетната сеидба, СВР Штип апелира до земјоделците и граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор, односно да не ги палат стрништата, отпадоците и меѓите на нивите кои неизгаснати брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големи размери.
Палењето оган на отворен простор е забрането, претставува прекршок каде казната е парична. Санкциите за пожар предизвикан од човечки фактор може да бидат и затворски казни од 6 месеци до осум години.
До колку граѓаните имаат да пријават одреден безбедносен настан тоа можат да го сторат со повикување на бесплатните телефонски броеви 192 и 112.
Началник на СВР Штип
Боби Гидиоски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ