ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: ДЕМАНТ!

февруари 26, 2023
1 минути

Водејќи се од начелото на транспарентно и одговорно работење, а имајќи ги во предвид притисоците од страна на лицето Влатко Коцев од село Теранци што преку медиуми, што преку статуси во разни групи на социјалните медиуми, што преку притисок на општинската администрација, членовите на Совет и Градоначалникот во смисла на телефонски јавувања, писмени дописи на скоро секоја седница на совет и слично, должни сме како општина да ја известеме јавноста каква е реалната слика  во врска со неговите константни дописи:

  • Имено лицето Влатко Коцев има формирано Здружение на граѓани Фудбалска Академија Чешиново-Облешево. Основачи на Здружението се членови на неговата потесна фамилија.
  • Здруженијата се непрофитабилни организации, во согласност со Закон (Што во конкретниот случај не се однесува) што се финансираат со доброволни донации, врз база на остварени цели од страна на Здружението
  • Од самото основање на Здружението по писмени барања поднесени од Влатко Коцев општина Чешиново-Облешево финансиски и материјално го помага Здружението во граници на своите можности.
  • Само во 2022 година од страна на општината Влатко Коцев ги има искористено следните бенефити:
  • Бесплатно користење на фудбалско игралиште во Чешиново и спортска сала во Облешево
  • Врз основа на Одлука бр. 09-6/1 од 10.03.2022 година исплата на 8.000,00 денари и персонален данок 889 денари на 06.05.2022 година (помош за набавка на цевки за изработка на подвижни стативи за потребите на фудбалскиот клуб Академија Чешиново-Облешево
  • Одлука 09-1867/1 од 14.10.2022 година исплата на 40.000,00 денари на 17.10.2022 година како награда за освоено второ место на ФК Теранци на турнирот во фудбал ИСИ Чешиново 2022, на сметка на Фудбалска Академија Чешиново-Овлешево
  • Одлука 08-1280/1 од 20.06.2022 година одобрени 60.000,00 денари надомест за превоз на дечиња кои тренираат фудбал во фудбалската школа исплатени се 37.896,00 денари на 17.11.2022 година остануваат за исплата 22.004,00 денари кои се предвидени за исплата во 2023 година
  • Донесена Одлука 08-1965/1 од 25.10.2022 година за одобрување на 30.000,00 денари на Фудбалски клуб Академија Чешиново-Облешево за реализација на проект Спорт-фудбал. Поради немање на соодветна документација и комплетирање на истата се прифатени фактури (за регистрација на играчи,членарина,надмината котизација) во износ од 29.936,00 денари по оваа одлука на 30.12.2022 година кои се предвидени за исплата во Буџет на општината за 2023 година.
  • Одлука 08-2407/1 од 28.12.2022 година за Дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства на ФА Чешиново-Облешево за реализација на проект Спорт-фудбал бр. 08-1965/1 од 25.10.2022 година со која се одобруват дополнителни до 150.000,00 денари со доставена комплетна документација до 31.12.2022 година. Средствата да се предвидат во Буџетот на општина Чешиново-Облешево за 2023 година.

Прифатени се фактури во износ од 148.413,00 денари по ова Одлука (Договори на дело за надомест на играчи,тренери,комесар за безбедност, гориво за одиграни натпревари во Берово, с.Гр.Балдовци и Чешиново по доставени записници од одржани натпревари).

Врз основа на донесените Одлуки за исплата на финансиски средства на ФА Чешиново-Облешево остануват за исплата  вкупно 200.353,00 денари кои се предвидени индукативно да се исплатат од Буџетот на општината за 2023 година.

Моменталната финансиската ситуација на општината е блокирана сметка од 08.07.2021 година врз основа на Налог за извршување И.бр 143/21 од доверител на износ од 3.056.539,00 денари. И покрај познатата финансиската ситуација во 2022 година (фиксни трошоци,електрична енергија,отплата на кредити итн.)  и Извршување од Министерство за финансии во месец Декември на износ од 2.595.840,00 по основ на налогот за извршување Советот на општина Чешиново-Облешево ги прифака барањата од Влатко Коцев кои се разгледуваа на секоја  одржана седница и ги  донесоа гореспоменатите Одлуки за исплата на финансиски средства на ФА Чешиново-Облешево.  Со почит,

Општина Чешиново-Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ