Денеска Советот на Општина Кочани одржа седница на која, ние членовите од опозицијата успеавме да издејствуваме измени во општинскиот буџет за 2025 година.
Наместо за привремени вработувања, 2.000.000 денари од буџетот на Општина Кочани ќе бидат наменети за градежна машина за потребите на депонијата во Кочани.
Корекцијата во буџетот што ја предложивме има за цел да ги намали огромните трошоци за одржување на депонијата за економски оператори. Целта е со набавка на механизација да се овозможи поразумно и поефективно работење на КЈП „Водовод“ и конечно
решавање на проблемот со депонијата.
За жал, претставниците на владејачката гарнитура ниту гласаа за овој предлог, ниту пак покажуваат интерес за почитување на одлуките донесени во врска со кочанската депонија.
Токму од тие причини, пред самиот крај ја напуштивме седницата. Не сакаме фрлање пепел во очите. Не сакаме во годишното обраќање на градоначалникот да слушаме за „успешно реализирани проекти“ додека реалноста е загрижувачка.
Остануваме на нашите заложби за обезбедување здрав живот во Кочани.
ОО СДСМ Кочани
26.12.2024
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ