Во салата на НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани со хуманитарен музички концерт ја одбележа годишнината, 70 години од постоењето.

По повод јубилејот на концертот освен домаќинот во програмата зедоа учество и музичките иучикишѕа ширум Македонија, Струмица, Кавадарци, Неготино, Охрид, Тетово, Штип, Гевгелија, Битола, Прилеп, Велес, Куманово и Скопје кои изведоа музички нумери од познати домашни и странски композитори.

Преку сите оние кои поминаа низ музичкото училиште овие 70 години, нашето училиште стана место каде музиката живее, се развива, а пред се инспирира. Овој јубилеј е симбол на истрајност, успешна соработка и љубов кон уметноста која во нашето училиште се пренесува од генерација на генерација. „Денес се сеќаваме на сите оние кои биле дел од оваа прекрасна музичка приказна, пат кон нови музички височини. Заедно продолжуваме да создаваме музика која го збогатува животот на сите нас и вас“, рече директорката Марија Лазарова, на отворањето на концертот.

Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат доделени на ЗГ „16 Март 2025 Кочани“ а истите ќе бидат наменети за изградба на спомен обележјето „Патека на бесконечноста“.




С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
