ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК – 68 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

јуни 6, 2024
1 min read

Во салата на Мултикултурниот центар, Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ со концерт го одбележа својот патронен празник – 68-годишнината од постоењето и 97. роденден на иницијаторот за основањето, професорот Јуруков. Пред многубројната публика настапија ученици од класите на сите професори.

Според директорката Марија Лазарова, ова е завршница на успешна учебна година и завршница на уште една амбициозна и вредна генерација ученици.

На настанот, со одлука на Наставничкиот совет, Јана Филипова, ученичка во класата на проф. Елизабета Георгиева е прогласена за ученичка на генерацијата во деветгодишното музичко образование. Александра Ѓоргиева од класата на проф. Јованка Милојевиќ е прогласена за ученичка на генерацијата во шестгодишното образование. Пофалница за постигнати значајни резултати во текот на школувањето добија Миа Михаилов и Јован Божинов.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, ОМУ го одржа и концертот „Родители и деца“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ