По повод Патрониот празник на училиштето, утре (Понеделник) во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани организира концерт.
Цитирајќи го Бертолд Авербах организаторите на концертот порачаа: „Музиката е единствениот светски јазик, не треба да се преведува. Душата зборува со душата во неа. Нашите души ќе зборуваат за Вас на концертот по повод Патрониот празник на нашето училиште“.
Концертот е закажан за во 19:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ