ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ НА СКРОМЕН НАЧИН ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

април 28, 2025
1 минути

Денес вработените и учениците од ООУ „Никола Карев“ од Кочани го одбележаа патрониот празник. За разлика од претходните години одбележувањето помина во една скромна атмосфера.

Се положи свежо цвеќе пред бистата на „Никола Карев“ во училишниот двор каде ученици имаа и рецитал посветен на претседателот на Крушевската Републикава. Делегација од училиштето положи цвеќе и пред бистата на „Никола Карев“ во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани како и на споменикот во близина на село Тркање.

„Денес го одбележавме патрониот празник на нашето училиште ООУ,,Никола Карев”-Кочани.. Оваа година во една скромна атмосфера, за разлика од предходните години кога имавме академии и настани со кои го одбележувавме патрониот празник. Оваа одлука ја донесовме поради страшната трагедија која се случи во нашиот град, од почит кон семејствата на починатите и повредените“, Истакнаа од ООУ „Никола Карев“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ