ТРЕТО МЕСТО ЗА ПРОЕКТОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОБЛЕШЕВО И СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ НА НАУЧНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТЕТОВО

ноември 20, 2023
1 минути

ООУ Климент Охридски -Облешево во соработка со СОУ Љупчо Сантов –Кочани, На 18-11 2023г. учествуваа во Тетово ,Р.Македонија, на Science on Stage North Macedonia и STEMLab , Научниот фестивал „Science on Stage Festival – North Macedonia“, каде наставниците ги претставија своите иновативни проекти од областа на STEM образованието.

Третото место го освоија Борче Алексов професор во СОУ Љупчо Сантов –Кочани и Наталија Георгиевска наставник во ООУ Климент Охридски -Облешево со нивниот проект “Нарушување на природниот екосистем со долготрајна употреба на синтетичко ѓубриво кое доведува до хемиски дисбаланс во растенијата приматели”. 4-те најдобри проекти го добија правото да ја претставуваат нашата земја на престижниот „European Science on Stage Festival“ во Финска од 12-15 август 2024 година.

Им честитаме на сите наставници за нивната посветеност и креативност, придонесувајќи за обликувањето на СТЕМ образованието во Р. Македонија

ООУ „Климент Охридски“ -Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ