КОМПАНИЈАТА „АНТУРА МК“ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА РАЗГЛАСИТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ

декември 14, 2022
1 минути

ООУ „ Никола Карев“ од Кочани не престанува да ги подобрува условите за работа, како на учениците, така и на вработените во училиштето.  По неколкуте реализирани проекти денес благодарение на донацијата од компанијата „Антура МК“ значително се подобрени разгласите во училиштето.

„Огромно задоволство ни представува тоа што нашето училиште почна да соработува и да станува препознатливо и за бизнис секторот. Антура MK ни донираше опрема за целосна промена на разгласите во училиштето се со цел за подобрување на условите во училиштето и пријатна атмосвера во истото. Антура MK покажа дека е одговорна општествена компанија која со голема донација допринесува во образовниот процес. Се надеваме дека и други одговорни општествени компании ќе ја препознаат нашата работа и ќе допринесат на разни начини за подобри услови во нашето училиште“, рече Александар Андов – дирелктор во ООУ ,,Никола Карев” – Кочани

С. Ивановски