Во последниот подготвителен натпревар пред стартот на пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, „Осогово“ го совлада „Куманово“ со 3:0 (3:0).
Кочанчани уште во првиот дел тргнаа поофанзивно и со трите погодока на Кристијан Крстов се замина на одмор.
Во второто полувреме тренерите Аксентиев и Савов извршија по неколку измени па се иокажа дека резултатот од првиот дел беше и конечен.
Во првото пролетно коло кое на програмата е следниот викенд „Осогово“ и гостува на „Победа“ во Валандово.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ