Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, и оваа година кочанскиот Градски парк ќе биде местото каде нашите сограѓани и сите посетители ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент.
Покрај секојдневните музички настапи и Божиќниот базар, ќе биде организиран и дочек на Новата 2024 година со естрадните музички ѕвезди Бојана Скендеровски и Андријана Јаневска.
Празничната културно-забавна програма што ја организира Општина Кочани, го вклучува настапот и на ОМУ „Ристо Јуруков“.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ