Општина Виница и нивниот Градоначалник продолжуваат да си поигруваат со чувствата на граѓаните на Кочани. Денес попладнето е направен нов обид за дотура на смет од општина Виница на депонијата во Кочани. Благодарение на брзата интервенција на кочанчани возилото не успеало да влезе во кругот на депонијата, истото е вратено назад а возачите освен Патен налог не поседувале друг документ за дотур на сметот.
„Денес околу 16 часот, и покрај одлуката на Совет за забрана за дотур на смет од соседните општини, имаше обид за упад на виничко возило на градската депонија. Благодарение на брзата интервенција на граѓаните истото беше вратено назад. На местото на настанот беа присутни директорката на КЈП „Водовод“ и претставници од Полициска станица – Кочани, при што беше направено записник. Во телефонски разговор со директорот на „Солидарност“ од Виница добивме информација дека нивната општина има одобрение од Министерство за животна средина за дотур на смет во Кочани но немаат ништо писмено. Граѓаните на Кочани се будни но и револтирани. На лице место за 10 минути се мобилизираа 50 граѓани од Кочани кои будно го следат секој чекор“ изјавија од насобраната маса на револтираните кочанчани..
Министерството за животна средина на кое вчера (вторник) му беше бојкотирана средбата со жителите на Кочани и понатака од петни жили се труди да реализира нешто што е невозможно.
Ако веќе од Министерството за животна средина толку се загрижени за екологијата и животната средина во Македонија, зошто во изминатите три децении не се потрудија да изнајдат начин да се изградат фабрики за рециклирање на отпадот а истиот да може да се користи како извор на енергија, туку само се менуваат на фотелјите и „солат ум на народот“, со што само прават раздор и ништо повеќе.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ