ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ВО ПРВА ПОМОШ 2024

април 25, 2024
1 min read

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазарев –Чапо“ го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош 2024 год.

На натпреварот настапија 10 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта и во категоријата дисеминација.

Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.

Првото место во категоријата младина и припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ООУ „Кирил и Методиј“- Кочани.

Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.

Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот наптревар на екипи по прва помош во месец мај во Радовиш.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ