„ОСОГОВО“ И „ГОЛЕМО КОЊАРИ“ ВТОРОЛИГАШИ, „ПРЕСПА“ ИЗВИСИ

Во Спорт
мај 28, 2025
0 минути

Според информациите до кои што дојдовме, пред малку во просториите на ФФМ беше извршено жребување кои две екипи ќе останат во втората лига.

„Осогово“ и „Големо Коњари“ ги посака среќата и следното првенство ќе играат во второлигашката конкуренција. Екипата на „Преспа“ не ја посака среќата, овој пат таа извиси.

Да потсетиме во неделата беше објавено дека сите три поразени екипи од бараж натпреварите за Влез во втората лига се второлигаши поради соопштението кое го објави екипата на Беса дека не сака да игра во Втората лига, но по еден ден се најавија дека сепак решиле ќе бидат членови на второлигашкото семејство.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ