Уште од едно гостување „Осогово“ се врати со празни раце и без постигнат погодок. „Жолто-сините“ во 25-тото коло претрпеа нов пораз, овој пат во Гевгелија од традиционално незгодниот „Кожуф“, а згора на се и Стојче Стојов еден од подобрите играчи на кочанчани во пролетниот дел од првенството си заработи црвен картон.
Дека работите не одат во вистинска насока е факт кој челниците на кочанскиот второлигаш никако не сакаат да го признаат дека со два удара кон противничкиот гол од преку дваесет метри тешко се освојуваат бодови..
Во ова коло екипите кои со „Осогово“ се наоѓаа во зоната на испаѓање си обезбедија по три бода и сега состојбата на кочанскиот второлигаш е повеќе од хаотична, треба нешто големо да се случи па да избегнат испаѓање од лигата или играњето на бараж натпреварот.
Благој Стојанов ги постигна двата погодока за гевгеличани, во 3’и77’ и ги остави сите во „Осогово“ да размислуваат (доколку имаат таква желба) како во преостанатите пет кола.
Следното коло „Осогово“ ќе му биде домаќин на последнопласираниот „Караорман“ кој со ваков пристап на играта тешко дека ќе го победи. Но до следната сабота има доволно време некој нешто да се обиде да смени.
Резултати од 25-тото коло:
„Кожуф“ – „Осогово“ 2:0
„Пелистер“ – „Охрид“ 1:0
„Аресими“ – „Беса“ 0:2
„Скопје“ – „Тетекс“ 2:0
„Вардар“ (Н) – „Башкими“ 1:0
„Караорман“ – „Победа“ 0:2
„Детонит Плачковица“ – „Беласица“ 1:0
„Каменица Саса“ – „Новаци“ 1:3
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ