„ОСОГОВО“ ПО БОДИВИ И НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ноември 3, 2023
1 min read

Во Сабота се играат натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

Екипата на „Осогово“ по победата во минатото коло заминува за Струга каде бара продолжување на успешната серија. Кочанчани во изминатите пет кола со некои поместувања на играчите започнаа да играат поинаков фудбал отколку на стартот на првенството по што дојдоа до освојување на десет бодови. „Жетварите“ се надеваат дека успешната серија ќе продолжи и против „Караорман“ кој по десет одиграни кола е на претпоследното место на табелата.  Иако Стружани во минатото коло забележаа победа на гостувањето во Прилеп сепак играчите на „Осогово“ тоа не ги вознемирува, напротив, веруваат во своите можности и очекуваат дека непоразени ќе се вратат од Струга.

Двојки од 11-тото коло:

„Караорман“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Охрид“

„Детонит Плачковица“ – „Новаци“

„Кожуф“ – „Беласица“

„Вардар“ (Н) – „Победа“

„Скопје“ – „Башкими“

„Аресими“ – „Тетекс“

„Пелистер“ – „Беса“

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ