Се одиграа натпреварите од 23-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ на тешкото гостување во Гостивар загуби од екипата на „Аресми“.
Пред почетокот на натпреварот раководството на клубот и навивачите на домашниот клуб им оддадоа почит на жртвите во пожарот пред три седмици во кој 60 млади луѓе го загубија животот.
Што се однесува до самиот натпревар победникот беше решен во второто полувреме откако првиот дел заврши без голови. Домаќините со голот на Аљбин Рамадани во 55’ го отворија резултатот за да истиот играч веќе во 62’ ја дуплира предноста. Во 76’ Филип Јованов си постигна авто-гол за да истиот играч со гол во противничката мрежа во 82’ го постави конечниот резултат 3:1 (0:0).
На теренот под „Исарот“ „децата на Брегалница“ кои моменто се во „Детонит Плачковица“ им откинаа два бода на домаќините кои и те како ќе им значат во борбата за едно од местата кои водат во првата лига.
„Башкими“ се лизна на свој терен против „Новаци“, а „Борец“ славеше како домаќин исто како „Вардар“ на гостувањето во Прилеп.
Резултати од 23-тото коло:
Аресими – Осогово 3:1
Победа – Вардар 0:1
Башкими – Новаци 0:0
Охрид – Каменица Саса 2:1
Беласица – Вардарски 4:1
Македонија ГП – Скопје 1:0
Борец – Кожуф 2:1
Брегалница – Детонит Плачковица 1:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ