„ОСОГОВО“ ПОУСПЕШНО ОД ТРЕТОЛИГАШОТ

Во Спорт
јануари 28, 2026
0 минути

Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига, денес во Скопје „Осогово“ го совлада „Аеродром“ член на Трета Фудбалска Лига – Север со резултат 5:0 (2:0).

Тренерот на кочанчани Крсте Крстев како што истакна е задоволен од залагањето на играчите а со оглед дека за нив ова е втор натпревар во овој подготвителен период задоволен е и од ефикасноста.

Головите за Осогово ги постигнаа: Михаил Николов (2) Христијан Поп Антоски, Филип Димоски и Драган Паунов по еден.

На следниот натпревар „Осогово“ ќе и биде домаќин  на екипата на „Беласица“ од Струмица. Натпреварот ќе се одигра во Сабота со почеток во 13:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ