Во Сабота се играат натпреварите од 15-тото, последно есенско коло во Втората Фудбалска Лига.
„Осогово“ кое со слабите игри и лошите резултати преку целата полусезона ги изневери своите навивачи шансата да се поправи нешто ќе ја бараат токму во последното есенско коло, на гостувањето нај последно пласираната екипа Вардарски. Кочанчани по поразот на домашен терен од „Каменица Саса“ најавуваат сигурна победа, но гледајќи го односот на играчите кон клубот со тешки маки би дошле до посакуваната цел.
Двојки од 15-тото коло:
Вардарски – Осогово
Аресими – Вардар
Беласица – Македонија ГП
Охрид – Борец
Башкими – Брегалница
Победа – Детонит Плачковица
Новаци – Кожуф
Каменица Саса – Скопје
Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ