„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

јули 7, 2024
0 min read

„Осогово“ стартуваше со подготовките пред претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига. Во саботата претпладне играчите на „Осогово“ предводени од Шефот на стручниот штаб Добримко Илиевски и неговите помошници го одработија првиот тренинг.

Од клубот истакнуваат дека подготовките ќе бидат спроведени во Кочани а примарна  цел е обезбедување опстанок во лигата но не како минатата година туку со подобри игри и порано. Во клубот останаа речиси сите играчи од минатото првенство а планирано е доколку се изнајде можност да се доведат и тројца квалитетни играчи за секоја линија во составот.

Подготовките ќе бидат во Кочани бидејќи како што истакнуваат од клубот овде ги имаат сите оптимални услови за истите добро да бидат спроведени.

Паралелно со тренинзите „Осогово“ ќе одигра и неколку подготвителни натпревари. Според зборовите на Илиевски засега се договорени три пријателски натпревари: со „Брегалница“ (27.Јули), „Каменица Саса“ (01.Август) и генералка со „Вардарски“  (10 Август) пред самиот старт на првенството. За првиот дел од подготовките планирани се уште две пријателски средби но засега имињата на клубовите не се познати бидејќи во тек се преговорите.

Инаку на Добринко Илиевски и во ова првенство ќе му помагаат Јоже Јованов, Љупчо Симовски – Бела и Спирко Златков.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ