По шест обиди денес Марјан Заов беше најбрз и најсреќен меѓу 47-те православни верници кои на големиот празник „Водици“ се фрлија во осветените води на „Кочанска река“.

По повод големиот празник „Водици“ или „Богојавление“ во присуство на повеќе илјади верници крстот во осветените води на „Кочанска Река“ го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион.

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ пред голем број на верници се одржа свечена божествена литургија по чие завршување свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон мостот кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот „Водици“.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
