На 26.01.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, (35-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 24.01.2022 околу 17.часот, кај Градскиот базен во Штип, била измамена од едно женско лице.
Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но откако не можела да стапи во контакт со лицето, сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.
ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип