ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА МУ ПРОНАШЛА ВО ДОМОТ СЕМКИ ОД КАНАБИС И ТАБЛЕТИ, ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

декември 20, 2024
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.12.2023 во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од канабис и таблети.

ИЗВОР: Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ