ОТСТРАНЕТ ОТПАДОТ ВО БЛИЗИНА НА ФАБРИКАТА ЗА ВОДА ВО КОЧАНИ

ноември 14, 2025
1 минути

Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани.

Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците  на овој потег во Ромското Маало во Кочани.

Увид на теренските активности направи и градоначалникот Владко Грозданов, кој повика на одржување на јавната чистота на секој дел во општината.

Интензивните активности за расчистување на отпадот ќе продолжат и претстојниов период

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ