По дојава на граѓани, општинските комунални служби во соработка со екипа на КЈП „Водовод“, отстранија мала дивa депонија во близина на Територијалната противпожарна единица во Кочани.
Акцијата е дел од континуираните активности на Општина Кочани за одржување на хигиената на јавните површини и спречување на создавање диви депонии.

Општина Кочани апелира до граѓаните за поголема одговорност и совесно однесување, со цел заеднички да се заштити животната средина и секој дел од градот да се зачува чист и уреден. Јавната чистота е заедничка обврска, а нејзиното одржување зависи од секој поединец.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
