Поради обилно надојдените води, на територијата на Кочанско се регистрирани одрони и свлечишта на локални патни правци.
Утрово, со помош на механизација на КЈП „Водовод“, е извршена интервенција за отстранување на свлечиште на патот меѓу селата Бели и Пантелеј. По завршената интервенција, патниот правец е целосно расчистен и повторно прооден за сообраќај.

Истовремено, со механизација е отстранет и одрон на патниот правец Кочани – Брана Гратче, со што е овозможено безбедно одвивање на сообраќајот.
Надлежните апелираат до возачите да управуваат со моторните возила внимателно и претпазливо и да ја приспособат брзината според условите на патот.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
