ОТВОРЕН 17. САЕМ НА КНИГАТА ВО КОЧАНИ

ноември 6, 2023
0 минути

Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го отвори Саемот на книгата, кој по 17. пат го организира Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани.

Истакнувајќи го значењето на книгата во современиот свет, градоначалникот го поздрави новото издание на традиционалната манифестација што ја афирмира книгата, посебно кај младата популација.

„Тринаесет издавачки куќи од Македонија, долгогодишни соработници на нашата библиотека нудат богат избор на жанровски разновидна литература за различни генерации. Граѓаните на Кочани стекнаа навика да се снабдат со нови изданија од Саемот на книгата и верувам дека и оваа година ќе одговориме на читателските вкусови“ истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“ – Кочани.

Саемот на книгата во Кочани ќе биде отворен до сабота, 11 ноември.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ