ОДРЖАНО 47 ИЗДАНИЕ НА ДПФ „МАЈСКИ ЦВЕТ 2022“

мај 31, 2022
1 минути

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 47 издание на Детскиот Поетски Фестивал „Мајски цвет 2022“.

На оваа литературна манифестација, право на учество имаа учениците од основните училишта во Македонија, од VI до IX одделение. Темите на творбите за Фестивалот беа слободни.

Секое училиште, литературен клуб или библиотека, на конкурсот за фестивалот учествуваа со две творби на двајца автори, а истите творби не требаше да бидат претходно јавно објавувани.

На годинешниот конкурс на ДПФ „Мајски цвет 2022“, до предвидениот рок пристигнаа 25 творби, од кои во конкуренција влегоа сите 25 творби.

Поканети училиштата: сите 4 основни училишта од Општина Кочани, училиштето од Оризари, од општините Чешиново-Облешево, Соколарци, Зрновци, како и по едно сновно училиште од Штип – Три чешми, Лозово, Скопје – Бутел и Крива Паланка, како и Библиотеките од: Пехчево, Делчево, Виница, Радовиш, Свети Николе, Велес, Струмица и Куманово.

Според одлуката на тричлената Комисија за доделување на награди на годинешниот ДПФ „Мајски цвет 2022“ награди им беа врачени на:

Пофалени творби:

  1. „Мојата бесконечна љубов кон родниот крај“ од Мила Ивановска, VIII одд., ОУ „Крсте Мисирков“, Куманово, ментор: Тања Димитриевска;
  2. „Новото нормално“ од Сара Ангелова, IX одд., ОУ „Св. Климент Охридски“, Делчево, ментор: Емилија Атанасовска;
  3. „Ајде да се сакаме“ од Ангела Арсиќ, IX одд., ОУ „Карпош“, с. Умин Дол, Куманово, ментор: Катерина Димитриевска-Арсеновска;
  4. „Еколошка песна“ од Уна Гранков, IX одд., ОУ „Никола Краев“, Кочани, ментор: Сања Атанасовска
  5. „Другарството е бесценето и граници нема“ од Ања Димовска VIII одд., Локална библиотека „Гоце Делчев“, Велес, ментор: Наташа Брезовска – Богоевска

Наградени творби:

Трета награда: „Сакаме сонце, сакаме радост“ од Санела Ѓоргиева, VIII одд., ОУ „Страшо Пинџур“, с. Соколарци – Чешиново – Облешево, ментор: Лимонка Стојкова;.

Втора награда: „Книгите – мојот магичен свет“ од Невена Јованова, VI одд., ОУ „Никола Карев“, Радовиш, ментор: Лидија Трајкова;

Прва награда – Гран при „Димитар Гогов“: „Ми недостига она малку… ама многу ми недостига“ од Анастасија Соколова, VIII одд., ОУ „Синиша Стоилов“, Зрновци, ментор Далиборка Милосјова;

Останати награди – Благодарници и Пофалница:

Специјална награда – благодарница: на Вера Стојкова, професор по македонски јазик во ООУ „Раде Кратовче“, Кочани;

Благодарница за училиште: на ОУ „Кочо Рацин“, Кратово;

Благодарница за библиотека: на НБ „Гоце Делчев“, Велес

Пофалница за најдобра интерпретација на сопствената творба: на Јана Тодоровска, VIII одд., ОУМБ„Кочо Рацин“, Пехчево;

Благодарница за Литературен клуб: „Процвет“, Дом на културата „Злетовски рудар“, Пробиштип;

Благодарниза за Ментор: на Далиборка Милосјова, ОУ „Синиша Стоилов“, Зрновци.

Сите ментори добија Благодарница за учество на ДПФ „Мајски цвет“ 2022.

Комисија во состав: Ивана Атанасова, претседател,, Славица Цветкова, член и Јане Атанасов, член.

С. Ивановски