Денеска во Кочани беше отворен Центарот за ментално здравје, кој ќе функционира во рамки на Црвениот крст – Кочани. На настанот присуствуваа градоначалникот Владко Грозданов, министерот за здравство Азир Алиу, генералниот секретар на Црвениот крст на РС Македонија Саит Саити, претставници на здравствени установи и невладини организации, кои ја истакнаа значајната улога на Центарот во подобрувањето на психосоцијалната поддршка за граѓаните.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов истакна дека менталното здравје е темелот на секојдневното живеење, а отворањето на овој центар е доказ дека како општество созреваме и ги градиме правилните вредности. Заблагодарувајќи се за огромната поддршка од Црвениот крст – од првиот момент на трагедијата – до денес, Грозданов изрази подготвеност ова партнерство во грижата за најранливите да продолжи.

Со отворањето на Центарот, Кочани добива нов современ простор за превенција, едукација и поддршка во областа на менталното здравје, со цел унапредување на благосостојбата на заедницата и навремено справување со предизвиците од психолошка природа.


Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
