ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО КОЧАНИ

октомври 7, 2022
0 min read

Во присуство на Ане Јохансен – Раководител на канцеларијата на СЗО (Светска здравствена организација) во Скопје, претставници од Министерството за здравство и вработени во Општа болница со проширена дејност – Кочани, денес Министерот за здравство на Република Северна Македонија Беким Сали го отвори „Центарот за ментално здравје“ при Општа болница со проширена дејност во Кочани.

Се работи за стар објект кој долго време не се користеше а за чие комплетно реновирање и адаптација се потрошени 15.000 евра. Моментно центарот располага со 2 психијатари, 1 психолог и 2 медицински сестри но бидејќи е планирано на годишно ниво да опслужува околу 6.000 пациенти од регионот кои ќе се примаат со закажување преку „мој термин“, планирано е кадровско зголемување со уште 2 психијатари, 2 психолози,  социјален работник, 5 медицински сестри и 2 болничари.

Освен во Кочани досега вакви центри во Македонија има отворено и во Струмица, Гевгелија, Прилеп, Демир Хисар, Скопје и Тетово.

Центарот е отворен во пресрет на 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје.

С. Ивановски