Денес во „Фоаје 1“ при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани беа поставени дела од 18. издание на „Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште 2023“ . Поставувањето на изложбата е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Муги“, преземање на изложби.
Годинешната 18-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2023“ се одржа во периодот од 07 до 12 Август а на истата зедоа учество 10 уметници од Република Србија, Република Црна Гора, Литванија како и од Македонија (Прилеп, Куманово и домаќинот Свети Николе).
Сликите се изработени во акррилна техника За време на одржувањето на ликовната колонија уметниците имаат создадено дела различни по стил, различни по својата индивидуалност и реализација, но под едно обединување со творење до другарување.
Љубителите на уметноста во Кочани ќе имаат можност да ја посетат во следните две седмици.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ