ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА КОЧАНИ ВО ШАХ ЗА ГОРАН ВОЈНОВСКИ

февруари 25, 2024
1 min read

Денес во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ се одржа шаховскиот турнир „Отворено првенство на Кочани во шах“ на кој учествуваа 22 шахисти од најразлични категории.

Се играше на 11 табли Швајцарски систем, 7 кола по 10 минути.

Турнирот за отворен го прогласи Благој Ситновски, Претседател на ШК „Кочани“.

По доста интересни и преди се возбудливи партии на крајот со освоени 6, 5 поени првото место сосема заслужено го освои Горан Војновски пред второпласираниот Гоце Георгиев со 6 и Ване Захариев со 5 освоени поени.

Голема добива за овој турнир е учеството на неколку млади шахисти, пред се на Јована Давиткова и Матеј Диванисов.

Следен собир на кочанските шахисти е планиран за месец Април а тоа е одигрувањето на Третиот меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ