ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

јануари 10, 2023
0 минути

Од утринава Осоговските планини се под снежна бела покривка. Како што не информираат дебелината моментно на снежната покривка изнесува околу 3 сантиметри, но тој и понатака паѓа па се очекува во текот на денот да се зголеми за двапати или трипати.

Инаку снегот почнал да врне вчера во  вечерните часови, но имало краток период на врнежи за да утринава некаде околу пет часот врнежите да бидат поинтензивни и еве сега и по пет часови тој и понатака врне.

Благодарност до „Осоговски конак“ за фотографиите

С. Ивановски