АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА КОЧАНИ
Амбасадорот на Шведска, Н: Е. Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска. Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ВО ПОСЕТА НА ОУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го посети ООУ „Малина Попиванова“, во чиј состав функционира специјалната паралелка за ученици со посебни образовни потреби. На средбата со учениците и со наставниот кадар, градоначалникот ја истакна важноста од создавање инклузивна и поддржувачка средина во која секое…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ГО ПОСЕТИ ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост во Кочани. Во присуство на директорката на Центарот за социјални работи Марија Гицова и на стручни служби, на децата што ги користат услугите од Дневниот центар им беа доделени подароци и беше разговарано…
КЈП „ВОДОВОД“ СО ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ КАЈ АСНОМ
Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ континуирано се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните…
ПОВИК ОД ЕУ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗА МЕДИУМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Европската Унија, претставувана од Европската Комисија, бара апликации за акциони грантови за Повикот за предлози за Поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации низ тематските сектори на политики, во рамките на Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите на ИПА III за Република Северна Македонија, 2025 година и Поддршка на ЕУ за…
НОВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР, „CHOCOLATE SWEETS BOJANCE“
Ново на македонскиот пазар. Вкусни, слатки, чоколадни пралини, рачно изработени погодни за секоја прилика. Чоколадните пралини се излиени во најразлични форми и големини, изработени по Ваша желба и спакувани во луксузни кутии. Нарачки се вршат во порака на Инстаграм профилот @chocolatesweetsbojance и на телефонскиот број 078 722-627 Ги очекуваме вашите нарачки КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА …
ПСБПС СО ЕДУКАТИВНО-ПРЕВЕНТИВНА КАМПАЊА „СТАВИ ПОЈАС – СЕКОГАШ ПРИ СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ“
Денеска (02.12.2025) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица за Безбедност на патниот сообраќај Кочани, одржаа едукативно-превентивна кампања на тема: „Стави појас-секогаш при секое патување“, којашто има за цел, подигање на свеста за употребата на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. На тема „Не користи пиротехнички средства“, полициски службеници од ОВР Пробиштип и лекар…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МАСАР ОМЕРАГИЌ
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов, остварија конструктивна средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, на која беше потврдена силната поддршка од ФФМ за развојот на спортската инфраструктура во Кочани. Фудбалската федерација на Македонија ќе биде инвеститор на проект за реконструкција на просторот…
ВО КОЧАНИ СЕ ОДРЖУВА ЗАВРШНАТА РАБОТИЛНИЦА ОД ОСНОВНАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ „ПРОМОТЕР“
На 2 и на 3 декември Општина Кочани е домаќин на завршната работилница од основната фаза на проектот „Промотер – Промовирање на територијални стратегии за одржлива мобилност преку хабови на потрошувачи на зелена енергија“, финансиран од програмата Interreg Europe. „Проектот „Промотер“ е иницијатива која за Општина Кочани е многу повеќе од обична проектна активност. Овој…
ЕКИПИ ОД КЈП „ВОДОВОД“ И ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА САНИРААТ СОСТОЈБАТА ВО КОЧАНСКИ ДОЛ
Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на одводот за атмосферска вода. Чистењето се спроведува со механизација, а екипите се соочуваат со сериозни предизвици поради долго време занемарениот одводен систем. Овој проблем претставува закана од…
