АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА МИХАЛИС РОКАС ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Амбасадорот на Европската Унија Н. Е. Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани. На средбата со градоначалникот Грозданов разговараа за моменталната состојба во Општината по преземањето на функцијата, како и предизвиците…

НОЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 48 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната ноемвриска  акција за дарување на крв. На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 12 млади лица до 30 години и седум првократни дарители. Акцијата е 17 што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на…

ВО ФИРМА ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ ДВЕ ЛИЦА СО ЗАКАНА НА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ОД ВРАБОТЕНА ОДЗЕЛЕ ПАРИ

На 26.11.2025 во 18:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во фирма за финансиски услуги во Кочани, две лица со закана со огнено оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ

КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ НАЈСОВРЕМЕН ЕЛЕКТРОХИРУРШКИ ГЕНЕРАТОР

Сојузот на Лајонс клубовите во Македонија – Д132 од Скопје денес на општа Болница со проширена дејност – Кочани и подарија најсовремен електрохируршки генератор од јапонскиот производител „Олимпус“. Овој уред овозможува прецизно и контролирано сечење и коагулација, што на медицинскиот тим му дава стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции. Генераторот се користи во…

ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ

За првата половина на декември се најавува измена на режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани. Ова е еден од заклучоците на состанокот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата што се одржа денеска, во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. Согласно изработена сообраќајна документација,…

ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ НА ПОНИКВА

Со помош на механизација, денеска беше отстранет комуналниот отпад насобран околу контејнерите поставени на Пониква, на Осоговските Планини. Вработени од КЈП „Водовод“ ги исчистија загадените површини на паркингот кај одморалиштето, кај манастирот „Св. Василиј Велики“ и во месноста Аеродром. Комуналните служби продолжуваат со интензивни активности и во градското подрачје и во населени места од општина…

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО МИНИСТЕРОТ ЗА СПОРТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДВА СПОРТСКИ ОБЈЕКТА ВО КОЧАНИ

Вчера  Претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, заедно со Секретарот на Општината, Драган Ананиев, остварија исклучително продуктивна средба со Министерот за спорт, г-дин Борко Ристовски, на која беа договорени значајни проекти од областа на спортот за кои следува реализација во 2026 година. Министерот изрази силна поддршка и посветеност кон развојот на спортот и…

ТРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ ВО БАР (ЦРНА ГОРА)

Во саботата и неделата членовите на Карате Клуб „Кочани“ – Кочани зедоа учество на големиот карате турнир во Црна Гора – „Трофеј Бар 2025“. Освоени се вкупно три медали од кои два златни и еден сребрен. Со златен медал се закитија Алексеј Ристов во категорија У10 до 35килограми и Наталија Карова во категорија У21 до…

САШЕ ГЕОРГИЕВ СО НАЈНОВ ХИТ „ТАТКО“

Саше Георгиев со новата песна „Татко“ ги запали социјалните мрежи. Песната полна со емоции, која од неодамна е објавена и поставена на социјалните мрежи од ден на ден привлекува се поголем број на слушатели. Кант автор на песната е самиот Саше Георгиев а истата е снимена во студиото „Македон“ КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ …

ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ СО СРЦЕ ГОЛЕМО КАКО ПЛАНИНА ГИ ОДНЕСОА БОДОВИТЕ ОД ШТИП

Со срце големо како планина играчите на „Осогово“ со три големи бода се враќаат од Штип. Денес сите изгинаа на теренот и им ги затворија устите на оние сезнајковци што една седмица ширеа лаги дека „жолто-сините“ само ќе истрчаат на теренот и без залагање ќе им дозволат на домаќините да стигнат до победа. За жал…