ПАКЕТИ СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СИТЕ ПРВООДДЕЛЕНЦИ ВО КОЧАНИ

септември 5, 2022
1 min read

Со донесената одлука на Советот на Општина Кочани, оваа година за прв пат Општина Кочани за сите 331 ученик во прво одделение запишани во основните училишта во Кочани обезбеди пакети со училишен прибор.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов денеска ги посети првоодделенците, им ги врачи училишните пакети, посакувајќи им среќна и успешна учебна година.

Училишен прибор е обезбеден и за учениците од социјално ранливите категории од 1 до 9 одделение.