Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во општинската сала оствари средба со борачите на БК „Спартак“ од Кочани и новиот член на „Спартак“, Расул Шапиев кој потекнува од школата за борење Махачкала (Дaгестан), Русија.
Освен новиот член Расул Шапиев во делегацијата борачи од Русија и Украина кои настапуваат во македонските клубови присутни беа и Вероника Рјабоволова (БК Вардар), Ахмад Набук (БК Студеничани), Могамедгаџи Нуров (БК Вардар), тренерот Могамед Ибрагимов, како и претставници од кочанскиот боречки клуб „Спартак“ со претседателот Зоран Сребренов и секретарот на Боречката Федерација на Северна Македонија Драгана Савева.
Општина Кочани