ПДГ „АМИЧИ“ СО ПРЕКРАСНА ПРИРЕДБА ЈА ЗАОКРУЖИ НАСТАВНАТА ГОДИНА

јуни 20, 2024
0 минути

И годинива по кој знае кој пат менаџерскиот тим на Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани се потруди на еден прекрасен начин со прекрасно организирана приредба ја заокружи оваа наставна година.

Пред родителите, роднините и пријателите дечињата од Детската градинка „Амичи“ се претставија со неколку музички нумери кои ги разгалија срцата на сите присутни.

Најпрвин се претставија дечињата од малата група, па веднаш по нив оние од средната група за да забавата кулминира со настапот на дечињата од големата група чиј настап годинава беше последен во оваа институција бидејќи истите од есента веќе ќе седнат во училишните клупи.

Крајот на целата забава беше повеќе од емотивен и импресивен кога дечињата од малата и средната група сите заедно, на еден достоен начин ги испратија своите поголеми другарчиња во образовниот процес при тоа посакувајќи им успешни учебни години.

По музичкиот дел следуваше доделувањето на дипломите и подароците за сите дечиња кои ја посетуваат детската градинка „Амичи“.

И на крајот, за да биде се во стилот на една голема и сериозна установа, по завршувањето на забавниот дел менаџерскиот тим на „Амичи“ за сите посетители на ова дружење организираше пригоден коктел.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ