ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КОЧАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА И ГО ОДРЖАА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ

август 11, 2023
0 min read

Пензионерите од Кочани го одржала најавениот протест. Онака како и што во текот на вчерашниот ден беше договорено голем број на пензионери се собраа во „Паркот на револуцијата“ од каде се упатија до седиштето на Здружението на пензионери на општина кочани.

Пензионерите јавно ја подржаа иницијативата за линеарно покачување на пензиите за 3.500,00 денари а воедно дадоа целосна поддршка за најавениот протест во понеделник во Скопје на кој е планирано да земат учество пензионери од си општини во република Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ