ПЕРО ГОРГИЕВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

август 1, 2023
1 min read

Од сигурни извори дознаваме дека досегашниот советник во Советот на Општина Кочани Перо Горгиевски наскоро ќе биде назначен за директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Назначувањето се очекува да биде следната седмица по што автоматски на Горгиевски му завршува советничкиот мандат. Според законот на местото на Горгиевски во Советот треба да биде назначен следниот од Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата а тоа е Љубица Спанчевска која моментно е вработена во Општина Кочани и на која и се дава право да избира, дали ќе го задржи работното место или пак ќе се нафати да ја извршува функцијата советник во Советот на Општина Кочани.

Доколку Спанчевска си остане на работното место следен од листата што би влегол во Советот е Гоце Марков кој во меѓувреме ја извршува функцијата секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани, функција која пред него ја имаше Перо Горгиевски.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ